Македонија

(АУДИО) Заканувачка снимка на „Јутуб“, „Заев ќе биде изрешетан ко куче, ќе лежам доживотно“

Аудио снимка прикачена на мрежата „Јутуб“ со најава за ликвидација на премиерот Зоран Заев и неговата фамилија е испратена до „А1он“.  Не е разбирлив целиот разговор поради слабиот тон, но во дел од него зборуваат: „Заев ќе биде изрешетан ко куче“, „ќе му вратам последно да е“, „јас сум спремен да лежам доживотно“ „ако треба ќе умрам“.

„…Не си свесен ти.. тие лајк што му ставаат ќе ги.. а не па оние што раководат.. јас зборот си го држам… јас не ги… ко тебе.. брат, нема брат.. ко ќе р’чнеш р’чнато е.. ако треба ќе умрам… последно да ми е, јас ти кажувам дека Заев ќе биде изрешетан ко куче… Струмица.. со глава ти гарантирам.. три деца имам нема да си ги видам никад…памти ми го зборот… да го боли срцето…“, се зборува во дел од снимката.

Снимката е објавена на јутуб каналот именуван како „Кулата мала“ и засега нема информација кој ја снимал. Аудио снимката може да ја слушнете на овој линк.

извор: А1 ОН

На почеток