Скопје

Градоначалникот Богдановиќ го потпиша Барањето за набавка на три специјални возила за одржување на уличната хигиена

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, го потпиша Барањето за спроведување постапка за набавка на три специјални комунални возила за потребите на општината.

Трите нови возила ќе им бидат на располагање на службите за одржување на уличната хигиена и ќе се користат за чистење на улиците на територија на Општина Центар.

Поради зголемениот обем на работа на општинските комунални служби, со набавката на овие три возила и дополнително, набавката на уште едно комунално возило – цистерна, значително ќе се зголеми степенот на јавната улична хигиена во општината.

Ова е уште еден чекор напред на Општина Центар во поглед на обезбедување на чисти, проодни и пред сѐ, безбедни улици за одвивање на сообраќајот и непречено движење на пешаците, велосипедистите и корисниците на алтернативни средства за сообраќај.

На почеток