На терасата на „Стивс“ во охридскиот „Хотел Ројал“ поставени се фотографии од изложба посветена на успешната работа на прокетот посветен на заштита на реката Дрим. Изложбата заради Ковид пандемијата ќе биде виртуелна, но дел од поставката е изложен на терасата од хотелот со цел да може да ја видат граѓаните кои сакаат во живо да ги видат убавините на оваа река за чија заштите екологистите прават големи напори со афирмација на отворените прашања , но и со изготвување на конркетни проекти и активности.
Изложбата која виртуелно е пласирана под мотото „ Десет години заедно со реката Дрим“ е увертира во јубелејното одбележување на петти мај, кој е прогласен за „Ден на реката Дрим“ и големиот меѓународен проект за заштита на оваа река.
Погледнете ги видеата направени по повод десетте години работа на заштита на сливното подрачје на Црн Дрим.