Актуелно

Донев: Наместо комплетна санација на колекторскиот систем во Охридско-Струшкиот регион, охриѓани добија двојно поголеми сметки за колектор

Пред 5 години СДСМ и Зоран Заев помпезно најавија и ветија комплетна санација на колекторскиот систем во Охридско-Струшкиот регион, но наместо ветеното, граѓаните единствено добија двојно поголеми сметки за колектор. Граѓаните во 2017 година плаќаа 10.2 денари за колектор на секој потрошен метар кубен вода, истакна Сашо Донев, Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ-Охрид.

Донев додаде:

Денес со новите сметки по вторпат се зголемува надоместокот за колектор на 21.4 денари за секој потрошен метар кубен вода, што значи дека во 4 години власт на СДСМ цената на надоместокот за колектор е зголемена за повеќе од двојно. Во услови на тешка економска криза и пред уште една промашена туристичка сезона, кога процентот на невработеност во Охрид расте, се удира по џебот на граѓаните и цената на колекторот е двојно зголемена.

Ништо од ветувањата дека една од препораките на УНЕСКО за реконструкција на колекторскиот систем ќе заврши во најскоро време, доказ за тоа е вонредниот инспекциски надзор на Државниот инспекторат за животна средина кој утврди дека колекторот е нефункционален и дека се излеваат фекалии во Охридското Езеро.

На почеток