Македонија

Мицкоски: Никој од власта не ми се јавил да ме праша за заканите, зошто сметаат дека нивните животи се поважни од мојот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во гостување на МТВ, се пожали дека никој од власта не му се јавил да го праша за заканите што, како што вели, постојано ги добивал, објави  360 степени.мк.

„Ако некој прави неред во овие четири години, тоа е оваа криминална влада. А ниту еден од нив не ми се јавил да ме праша за заканите што постојано ги добивам за мене и за моето семејство. Никој не крена слушалка, иако јавно зборував за тоа. Зошто сметаат дека нивните животи се поважни од мојот живот или од животите на членовите на моето семејство“, рече Мицкоски.

На прашање зошто не ги пријави заканите, тој рече дека јавно зборувал за тоа.

Од друга страна, на прашање за снимаката во која се зборува за ликвидација на премиерот Зоран Заев, Мицкоски рече дека тој може да пушти стотици такви снимки за негова ликвидација, ама дека нема зошто јавноста да се заморува со тоа.

„Јас можам да ви пуштам илјадници такви снимки за мене и за моја ликвидациа. Ние сме јавни личности. Можам да ви пуштам купишта снимки како се гоштеваат со мојата глава, се закануваат на моето семејство, ама што мора македонската јавност да ја заморуваме со тоа. Не оправдувам насилство и закани, ама се знае кој треба тоа да го расчисти“, рече Мицкоски.

Текстот во целост на:  360 степени.мк.

На почеток