Денес во седиштето на АлтернАтивА се одржа брифинг со новинари, кој беше свикан од претседателот на партијата, Африм Гаши. На овој брифинг беа присутни и проф. д-р Љуљзим Алиу – професор на Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“ и потпретседател на АлтернАтивА и проф. д-р. Зеќирија Ибрахими – научен истражувач и член на Централното претседателство на партијата.
На оваа средба со новинарите беа покренати неколку прашања. Претседателот Африм Гаши рече дека причината за организирање на овој брифинг е Концептот за основното образование и предлогот за дигитализацијата на учебниците, предложен од Министерството за образование и наука (МОН), дотолку повеќе што – според него – темата за образованието е меѓу најсуштинските прашања за политичкиот ангажман на АлтернАтивА, ако не и централната тема на нејзината програма.
Според него, основниот проблем во Концепцијата за основното образование е пристапот што го има МОН. Во овој случај имаме наметнување без никакви консултации со другите политички и професионални актери во земјата. Тој изрази уверување дека ова ќе има негативно влијание врз образованието во Северна Македонија. Тој уште еднаш ја повика Владата и МОН да ги земат в предвид забелешките и да ја прифатат соработката за разгледување и дискутирање на овој предлог со сите фактори до конечна одлука. „Во спротивно, ако МОН продолжи да се однесува арогантно кон нашите забелешки, во времето кога ќе бидеме на власт, ќе бидеме должни да го повлечеме овој концепт и во консултација со сите политички и професионални фактори да донесеме друг концепт прифатен пошироко во нашата земја“, рече тој.
Претседателот на АлтернАтивА се спротивстави на идејата за целосно укинување на печатените учебници, објаснувајќи дека тоа не функционира скоро никаде во светот и дека ставот на експертите на АлтернАтивА е дека тоа ќе резултира со штета за учениците. Тој додаде дека самиот факт што толку неуспешна се покажа учебната година преку онлајн наставата, тоа е доволен доказ за тоа колку идејата за укинување на печатените учебници може да биде успешна. Тој дури рече дека и фактот дека законските измени треба ќе дојдат на Собрание со европско знамето, е начин да се наметне оваа измена без можност за дебата и дискусија, што воопшто не е европско дејство.
Проф. Љуљзим Алиу се фокусираше на начинот како е одлучено да се спроведе Концепцијата во училиштето од септември оваа година. Тој рече дека пред да се постави измената на Концептот за основното образование првин мора да се промени концептот за создавање кадри што треба да работат со ток концепт. Ова значи дека без да се направат потребните промени во високото образование, односно на факултетите за наставници, не може да се тврди дека се менува концептот за основното образование. Неговата забелешка беше дека Концепцијата за основното образование не може да се менува само од педагошките експерти, како што се случи, туку треба да бидат вклучени и експерти од другите области. Сепак, според него, основниот проблем е недостатокот на пилотирање на концептот. „Како може министерот да знае дека овој концепт е најдобриот кога тој не е испробан и не е проверен со емпириските мерења за неговиот успех?“, праша тој. Ова не се случува во ниту една развиена земја. Проф. Алиу се осврна и на истражувањето што беше направено со наставниците од страна на самото министерство, а МОН воопшто не ги земал во предвид при изготвувањето на новиот концепт.
Проф. Зеќирија Ибрахими рече дека основниот критериум на овој концепт за основното образование е елиминирање на дискриминацијата, со посебен акцент на родовата дискриминација, а помина без да се забележи фактот дека децата Албанци и од другите етнички заедници не се еднакви со учениците Македонци. Со овој концепт, учениците Македонци не се обврзани да го учат албанскиот јазик или друг јазик на етничките заедници во нашата земја, додека учениците Албанци и другите ученици се должни да го учат македонскиот јазик. Друг проблем, според него, е и идеолошкото наметнување на предметите што може да се коси со нашата социјална и конзервативна организација. Тој аргументираше дека ученикот што ќе го научи предмет по Христијанско или исламско образование, ќе има и предмет по хиндустичка мистика, односно јога, и додека во предметот Верското образование ќе учи дека хетеросексуалното семејство е клетка на нашето општество, во предметот Сексуално образование ќе учи дека полот е наш избор и семејството може да биде и хомосексуална заедница.. Затоа, рече тој, „ова најмалку ќе создаде фрустрација кај децата“. Проф. Ибрахими продолжи да објасни дека „иако во принцип го признаваме правото на секого за слободна сексуална ориентација, убедени сме дека никој не смее да наметнува либерален стандард за перцепција на социјалната организација како училишен предмет“. Дотолку повеќе – рече тој – дека овој концепт се наметнува исто како во монизам: без никакви консултации и без било какви мерења или пилотирање на истиот.
извор: АлтернАтивА – Скопје