Пожарот кој беснееше над Галичник е целосно изгаснат.
Екипите сега интервенираат на делот кај далекуводите и се очекува брза локализација и гасење.
Од месноста соопштија дека нема никаква опасност за куќите, ниту потреба од евакуација.
Претходно Центарот за управување со кризи информираше дека постои потенцијална опасност за селото поради силниот ветер кој го отежнува гасењето на огнот. Армијата испрати и хеликоптер, но истиот беше приземјен поради временските услови.
Пожарот изби во текот на денот над хотелот „Неда“.