Македонија

Што се случува во СДСМ – формира ли Бранко Црвенковски партија пред локалните избори?

Поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, кој 20 години беше на чело на оваа партија, би можел да формира нов политички субјект за настап на локалните избори во втората половина во октомври.

Засега од СДСМ ниту ниту потврдуваат ниту негираат за такво нешто, а гласноговорникот Богданка Кузеска денеска единствено рече дека во земјата секој е слободен да се натпреварува со своја политичка понуда, објави Фактор.

Шпекулациите говорат дека поранешниот премиер и претседател на Македонија ќе формира партија заедно со незадоволните од СДСМ. Гласините се засилија откако веќе се појавија независни листи во неколку општини.

извор: Фактор.

Фото: Republika English

 

На почеток