Граѓаните што паркираат во центарот на градот на јавните паркиралишта и површини што се во надлежност на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ мора многу да внимаваат, па дури и доколку возилото го остават во време кога паркирањето е бесплатно, затоа што лесно може да се случи автомобилот да им го крене „пајак“. Искуството на еден млад скопјанец го потврдува токму тоа, објави Слободен пачат.
-Ја паркирав колата на улицата Елисие Поповски Марко пред зградата со број 37, минатата сабота околу 16 часот. Час подоцна „пајак“ на ПОЦ ми го кренал возилото, иако на оваа улица паркирањето е слободно од сабота од 15 часот, па до понеделник наутро, а паркирањето не е само за резиденти. Кога отидов да си го земам автомобилот и платив казна, ми беше речено дека возилото ми е подигнато по пријава на граѓанин – вели соговорникот за Слободен пачат.
Од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ велат дека и кога е бесплатно паркирањето, мора да се внимава каде се остава автомобилот.
-Граѓаните најчесто сметаат дека ако е поминато работното време на паркиралиштата, можат да паркираат секаде без разлика дали нивното возило е прописно или непрописно паркирано. Во конкретниот случај, иако паркирањето во тој момент било бесплатно, возилото на граѓанинот било непрописно паркирано на јавна сообраќајна површина тротоар и од таа причина било отстрането од „Пајак“ службата на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ по издаден налог од овластено службено лице полицаец – објаснуваат од ПОЦ.
Текстот во целост на: Слободен пачат.