Македонија

Црвен крст Охрид го демантира Денесовски: Ниту сме побарале, ниту добиле некакви финансиски средства за ангажирање на своите волонтери во вакциналниот центар

Со индигнација ги демантираме и отфрламе наводите изнесени во текст од лицето Сашо Денесовски објавен на 04.05.2021  за кои најодговорно тврдиме дека се тенденциозни и целосно невистинити, се вели во демантот од ОО на Црвениот крст Охрид.

Демантот го пренесуваме во целост:

– Екипата на Црвен крст Охрид која беше испратена за помош при изведување на вакцинацијата
против Ковид-19 на вакциналниот пункт во салата на СРЦ Билјанини извори во Охрид беше
составена од еден вработен во Црвен крст Охрид и еден волонтер на Црвен крст Охрид и двајцата
полнолетни.

– Црвен крст Охрид е хуманитарна организација и своите активности ги реализира според
соодветни програми, потреби и барања, а во случајов, координирано со Црвениот крст на РСМ,
Министерството за здравство на РСМ и Здравствениот дом Охрид е вклучен во помош на
изведувањето на вакцинацијата против Ковид-19 на вакциналниот пункт на Здравствен дом
Охрид, во кругот на Општа болница Охрид уште од 5 април 2021. Со затворање на вакциналниот
пункт во Здравствен дом Охрид и отворање на регионалниот вакцинален пункт во СРЦ Билјанини извори, Црвен крст Охрид ги насочи своите екипи да ја продолжат активноста во новоотворениот пункт.

– Црвен крст Охрид ниту побарал, ниту добил некакви финансиски средства за ангажирање на
своите волонтери во процесот на вакцинација против Ковид-19.

извор: ОО Црвен крст Охрид

На почеток