Денеска, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода С.Ј.(37) од Куманово. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со кафеава прашкаста материја и едно пакување со бела прашкаста материја.
Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
фото: Архива