Свет

Болсонаро за КОВИД 19: Дали е можно да водиме нова биолошка војна, се прашувам?

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека новиот коронавирус е можеби направен во лабораторија со цел да се води биолошка војна. Тој објасни дека станува збор за нов вирус и дека никој не знае дали потекнува од лабораторија или затоа што човекот јадел животно што не требало да го јаде.

„Но, армијата знае сè за хемиската, биолошката и радиолошката војна. Дали е можно да водиме нова војна, се прашувам. Чиј бруто-домашен производ порасна најмногу“, рече Болсонаро.

Според „Гардијан“, иако бразилскиот претседател директно не ја спомна Кина, таа земја е единствената членка на Г20 што забележа раст минатата година.

фото: Архива

 

На почеток