Македонија

Спасовски: Обединетото Кралство ги призна македонските возачки дозволи

Македонските граѓани кои имаат регулирано постојан престој на територијата на Англија, Велс и Шкотска, од 20 мај ќе можат да управуваат возило со македонска возачка дозвола.

Министерот за внатрешни работи на својот „Фејсбук“ профил објави дека врз основа на потпишан билатерален договор Обединетото Кралство е деветтата држава во која носителите на македонска возачка дозвола кои престојуваат на територијата на оваа држава не им е потребна меѓународна возачка дозвола.

Носителите на македонска возачка дозвола кои имаат регулирано постојан престој на територијата на Англија, Велс и Шкотска, на нивно барање може да им се изврши замена на возачката дозвола, и тоа почнувајќи од 20 мај годинава, што ќе значи и конечно решавање на ова многу важно прашање за македонските државјани во Обединетото Кралство, а се очекува многу скоро, оваа законска процедура да биде прифатена и од властите на Cеверна Ирска, пишува Спасовски.

Ова важи за дозволи кои го овластуваат управувањето со класата на возила кои соодветствуваат на класата на возила опфатени во категориите B, B+E, F, K или P, или поткатегоријата B1 и се издадени од страна на Министерството за внатрешни работи во Република Македонија.

На почеток