Македонија

Пендаровски за ДВ: Добро е што ВМРО-ДПМНЕ воспостави комуникација

По девет месеци замрзната комуникација со шефот на државата, утрешната средба Пендаровски-Мицкоски ги зголемува очекувањата за враќање на дијалогот.

„Добро е што по девет месеци некомуницирање, се воспостави комуникација со институцијата претседател на Република Северна Македонија, што може да биде во насока на попродуктивен политички дијалог, кој толку многу недостасува во нашата земја“, oва за ДВ го изјави претседателот на државата Стево Пендаровски, откако како бомба одекна веста соопштена на вчерашниот брифинг во ВМРО-ДПМНЕ: партијата ја одмрзнува комуникацијата со шефот на државата. По телефонски разговор, на барање на партискиот претседател Христијан Мицкоски, утре ќе се одржи средба помеѓу него и претседателот Стево Пендаровски. Средбата е закажана во вилата „Водно“, каде Мицкоски последен пат беше на 13-ти август 2020 година заедно со дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кога најави замрзнување на односите и комуникацијата со шефот на државата.

 

Повод за таквата одлука на партијата беше незадоволството што Пендаровски му го даде мандатот за состав на нова влада на Зоран Заев, без претходно да добие уверување за оформено парламентарно мнозинство од 61 пратеник.

фото: Архива

 

На почеток