Скопје

Нема одлука за суспенција на Деталниот урбанистички план кај „Холидеј ин“ – ќе се прават нови елаборати

Општина Центар и понатаму не носи одлука за суспенција на Деталниот урбанистички план кај „Холидеј ин“ во најстрогиот центар на Скопје, каде инвеститорите „Мг Фешн“ и Македонската православна црква (МПЦ-ОА) ќе градат три кули од 16, 20 и 22 ката. На денешната седница на Советот на Општина Центар на дневниот ред немаше никаква точка која се однесува на суспензијата на деталните планови, објави САКАМДАКАЖАМ.МК. 

Но, по предлог на советниците од СДСМ беше донесен заклучок за постапување по член 23 од Законот за урбанистичко планирање. Со тој заклучок повеќе не важи заклучокот донесен на 25 декември лани кога се задолжија службите да направат елаборати во кои ќе бидат наведени прекршувањата на постапките и тие ќе бидат основа за понатамошна суспензија на плановите. Сега, овие елаборати веќе не важат и службите во Општината ќе треба да прават нови.

Градоначалникот Богдановиќ за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека со денешниот нов заклучок не се одолговлекува работата, туку се бара прав начин како плановите да се променат без да има последици по Општината. На прашањето дали додека сета оваа постапка заврши, со оглед на тоа дека ќе се прават нови елаборати, инвеститорот „МГ Фешн“ и МПЦ-ОА веќе ќе добијат правосилна дозвола за градба и ќе биде касно да се спречат градбите кај „Холидеј ин’ кои се спротивни на Генралниот урбанистички план, Богдановиќ одговори дека „има уште многу време додека дозволата за градба им стане правосилна“.

Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК. 

На почеток