Свет

Шефот на фармацевтската компанија „Бионтек“ дава предвидување кога ќе имаме живот без маски

Шефот на фармацевтската компанија „Бионтек“ Угур Сахин  пред Самитот на извршни директори во организација на „Волстрит џурнал“, откри кога светот може да се ослободи од заштитни маски, карантин и другите заштитни мерки, и да се врати во „нормалниот“ живот.

– Треба да обезбедиме навистина високо ниво на вакцинација низ целиот свет. Во спротивно, никој нема да биде безбеден, рече Сахин и додаде дека пандемијата ќе заврши само кога целиот свет ќе достигне ниво на имунитет на стадо.  До средината на 2022 година, дури и многу густонаселени региони, како што е Индија, може да постигнат висок степен на вакцинација и имунитет на стадо. Во следните 12 месеци ќе видиме се поголем број на индустриски, сиромашни и земји во развој кои ќе успеат да ја постигнат оваа цел, додаде Сахин.

фото: Архива

На почеток