Во Собранието на Косово имаше тензии меѓу пратениците на Демократската партија на Косово и Самоопределување, при што дојде до турканици меѓу нив. Инцидентот се случи откако опозицијата ја напушти собраниската сала.
Министерката за образование и наука Арбери Нагавци изјави дека сакала да ги смири пратениците и дека пратеникот од ДПК, Хајдар Беша ја турнал, а таа возвратила со иста мерка, пренесува „Газета експрес“.
„ Тоа беше голема група пратеници на чија средина беше потпретседателот на Собранието, Саранда Богујевци. Богујевци ги замоли пратениците кои сакаат да ја напуштат салата и оние кои сакаат да останат на седницата. Се обидов да интервенирам и да ја отстранам Богујевци од таа ситуација. Ја видовте реакцијата на пратеникот од редовите на ДПК, Хајдар Беца, кој ме поттурна и јас возвратив“, рече Нагавци.