Македонија

Семејството на починатата пациентка на ГАК тврди дека при шиење на матката, зашиено и е тенкото црево

Шок и неверување во семејството на Ирена Костовска, која во рутинска операција за отстранување на миом на матка, го загуби животот, а зад себе остави две деца на шест и осум годишна воздраст. Сопругот на Ирена моментално е надвор од државата, а нејзиниот девер за „Слободен печат“ ги раскажа настаните кои довеле до смртта на младата жена.

-Ирена на 22.04.2021 година беше оперирана од страна на д-р Викторија Јовановска, директор на ГАК. Операцијата поминува „успешно“, отстранет и е миом на матката, но Ирена има проблеми со подуеност на стомакот што се „решава“ со пробиотик! Утрото на 28.04.2021 состојбата и се влошува и откако на ГАК ја отвараат и сфаќаат што се случило ја испраќаат во Клиниката за абдоминална хирургија каде е извршена уште една интервенција од страна на д-р Љубомир Огњеновиќ. Констатирано е дека при шиење на матката на 4 места е продупчено и сошиено тенкото црево што довело до контаминација на организмот со фекалии и труење! Последниот обид на д-р Огњановиќ да направи интервенција е на 06.05.2021, тенкото црево е скратено и санирани се загноените рани, ставено е дрен за да може организмот да ја исфрли непотребната течност, вели меѓу другото за Слободен печат, деверот на починатата пациентка, Никола Костовски.

Погребот ќе биде одржан утре на градските гробишта во Охрид.

Текстот во целост на: Слободен печат

На почеток