Македонија

Денеска нестабилно со пороен дожд и грмежи

Денеска претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во северните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови засилен југозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Утре и во петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и ќе дува засилен западен ветер.

Влажен бран со врнежи од дожд во поголем дел од земјава се очекува во сабота.

фото: Архива

На почеток