Македонија

Не се исклучува жива музика и свадби, Филипче дава надеж

В понеделник, Комисијата за заразни болести ќе ги разгледува барањата на угостителите кои денеска беа доставени до Министерството за здравство. Независната угостителска комора бара да се дозволи да работат и затворените делови на кафеаните и кафулињата, на една маса да может да седат и над шест лица, да има жива музика и да се дозволи организирање свадби, прослави и веселби под одредени протоколи, објави СДК.МК. 

„Сите барања ќе ги разгледаме в понеделник кога ќе се прави пресек за епидемиолошката слика за изминативе две недели. Се покажа дека олабавените мерки не доведоа до влошување на состојбата, но сепак сметам дека уште најмалку една недела треба да останат мерките кои сега се на сила“, рече Филипче.

Филипче кажа дека останува на ставот маски да се носат и на отворено уште некој период, односно додека не се имунизира поголем дел од населението.

 

На почеток