Македонија

Македонците со најниска плата и со највисоки трошоци за живот

Со просечна македонска плата се купуваат 300 литри масло за јадење. Со просечна германска плата се купуваат 2820 литри од истиот производ. Споредбата на цените во земјава со земјите од регионот и Европа покажува дека овде плаќаме помалку за струја и гориво, но земјоделската Македонија може да се рамни со европските земји по цените на храната, објави Сител. 

На пример, литар млеко во земјава чини од 50 денари нагоре. Во Хрватска 40 денари, во Србија 47, во Словенија 66 денари.Слатките задоволства во земјава се двојно посапки отколку во Германија. 100 грма познат бренд чоколадо кај нас чини околу евро, во Германија околу 60 евроценти.

Во македонија и платите се најниски исто така. Просечната плата во февруари во Македонија изнесуваше 27.948 денари, а просечниот трошок на едно домаќинство, според пресметките на ССМ изнесува 34.000 денари.

Текстот во целост и видео на:  Сител. 

На почеток