Македонија

Повторно ќе се знае кој за што гласал: Талат ги сели пратениците

Пратениците се селат во старата сала за одржување пленарна седници. Салата во моментов се варосува и дезинфицира и планот е таму да се одржи првата седница следниот месец, веројатно на 8 јуни.

Спикерот Талат Џафери вели дека со вакцинирањето на сите пратеници се создадоа услови тие да се вратат во салата број 1, така што пленарните седници веќе нема да се одржуваат во салата со куполи, која беше оспособен како пленарна поради пандемијата со ковид-19.

За разлика од салата со куполи, каде што пратениците гласаа со картончиња во три бои, во старата сала гласањето е електронско, а исто така е овозможено медиумите да ги следат седниците од галеријата во салата.

 

На почеток