Големо е задоволството што денеска во Белград ја имав честа свечено да предадам дел од оградата на Собранието на Србија, како гест на пријателство помеѓу Македонскиот и Српскиот народ, напиша на својот ФБ профил Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
Градоначалникот во објавата додава:
Со претседателот на српското собрание, Ивица Дачиќ имавме можност да поразговараме за дел од историските вредности на оградата чиј значителен дел беше пронајден во Охрид.
На пригодната свеченост и во рамки на официјалната средба беа отворени и повеќе теми на заеднички интерес со што ја потврдивме добрата соработка помеѓу двете држави, која се темели на нашата заедничка историја и традиционалната поврзаност помеѓу двата народи.
Особено беа потенцирани можностите за соработка во делот на туризмот и интересот за Охрид како посакувана дестинација на српскиот туристички пазар.