Македонија

Вработените на Клинички: Паркингот е во сопственост на Република Македонија, а не на ЈП Градски паркинг

Синдикатот на Клинички центар и вработените се особено навредени од изјавата на градоначалникот Шилегов, дека вработените се одговорни за хаосот и метежот што се случува и дека тие вработени се одговорни што пациентите не можат да си ги паркираат своите возила, велат вработените кои денес протестираа на паркингот во Клиничкиот центар.

„Овој протест го организираме по барање на нашите членови, ќе се спротиставиме на оваа одлука на советот, ќе продолжиме со нашиот протест во периодот од 10 до 10 и 30 часот. Паркингот на Клинички центар е во сопственост на Република Македонија, а не на ЈП Градски паркинг“, велат вработените.

Тие бараат од Град Скопје да ја повлече одлуката и паркингот да се врати во владение на вработените во Клинички центар.

„Ние доколку плаќаме нешто сакаме да добиеме услуга каква што заслужуваме. 350 денари кои ги плаќавме сакаме и сега да не ги плаќаме затоа што сме навредени, омаловажени и затоа што за хаосот во Клинички сме посочени директно. Пациентите кога доаѓаат се нервозни бидејќи бараат паркинг по еден час и некому таа нервоза мораат да ја исфрлат, а тоа ние го трпиме“, изјави Јулија Јовановска, член на извршен одбор на Клинички центар.

На годишно ниво ЈП Градски паркинзи инкасира бројка од околу 475 илјади евра, од вработените, но и од пациентите кои доаѓаат во Клинички центар. Кога ќе ја разгледаме цената од 350 денари која е на месечно ниво, а самиот градоначалник истапи со бројка од 1600 картички, доаѓаме до бројка од околу 110 илјади евра.
Треба да се обезбеди инфраструктура каде вработените да ги паркираат сопствените возила и за услугата која плаќаат треба да добијат соодветно паркинг место. Ние секојдневно се соочуваме со непристапен терен. Со ова зголемување повторно мислиме дека нема да има инвестиција, туку само ќе се полни буџетот на Град Скопје, кое што не кореспондира со потребите на вработените во Клинички центар и самите пациенти“, изјави Ивица Постолов.

Вработените во Клинички најавија дека доколку Град Скопје не ја преиначи одлуката, револтот ќе го изразат пред наплатниот простор, за време на паузата од 10 до 10 и 30 часот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток