Македонија

Наместо пресуда за Мијалков и Алфите за апсењето на Бошкоски, случајот „Тортура“ ќе се суди од почеток

Во Основниот кривичен суд денеска требаше да биде изречена пресуда за случајот „Тортура“, во кој првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков за апсење на Љубе Бошкоски со примена на тортура, нехумано постапување и понижување, но судијката Александра Ристеска кажа дека судскиот совет со кој таа претседава оценил дека е потребно дополнување на постапката и разјаснување на одредени прашања, објави СДК.МК.

Потоа, закажа повторно отворање на главната расправа за предметот на 8 јули.

Мијалков е во притвор во Шутка од 25 февруари, по изрекувањето на првостепената пресуда за „Тврдина-Таргет“.

На почеток