За мене главно е дека оценката на граѓаните е релативно лоша и тоа заради застојот во ЕУ преговорите и блокадата од Бугарија која веќе година дена се влече и нема најава за скоро решавање и затоа ентузијазмот кој се појави пред две години со Преспанскиот договор силно спласнува (според резултатите од анкетата на ИРИ) и тоа се рефлектира на падот на рејтингот на владејачките структури особено СДСМ и Заев, но тоа автоматски не значи промоција на опозицијата и сметам дека тоа се должи на тоа што опозицијата премногу „спие на тоа уво“ дека „овие сами ќе паднат“, што е природно да се очекува, но сепак опозицијата треба да понуди нешто, да артикулира ставови по одредени прашања, а не да остава цело време нејасни ситуации, од референдумот навака да нема ставови по битни прашања. Граѓаните очекуваат попрецизни насоки како опозицијата би ја водела државата ако дојдат на власт. За сега сметам дека предноста на СДСМ е релативно голема, иако се работи за релативно големо незадоволство од повеќето градоначалници. Ќе биде интересна комбинацијата на рејтингот на партијата со градоначалниците, изјави во Утрински брифинг Александар Кржаловски, директор на македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), објави slobodenpecat.mk
-Мојот прв впечаток е дека нема некоја разлика од „Македонија за сите“ до „Едно општество за сите“. Сметам дека тоа оди на концептот кој се потврдува со фудбалската репрезентација на Македонија, дека не може со една етничка заедница да се добијат избори. Мора да се опфатат сите граѓани и претпоставувам дека тоа е промена во политиката на ВМРО-ДПМНЕ. Дали ќе упали, ќе видиме дали ќе стекнат доверба заради претходното искуство. Околу корупцијата, мислам дека сите овие години ВМРО-ДПМНЕ не направи доволна дистанца од тоа што се случуваше претходните 10 години, а ни СДСМ не успеа да докаже дека многу корупција имало, не се најдоа многу од тие милијарди кои што ги збореа“, вели Кржаловски.
извор: slobodenpecat.mk