Македонија

Филипче: Нема потреба за нови рестрикции поради индискиот сој

Министерот за здравство Венко Филипчe вели дека во овој момент не се планираат дополните рестрикции поради опасноста од новиот делта (индиски) сој. Според министерот мал е ризикот лицата кои се целосно имунизирани, да заболат од индискиот сој.

„Само две земји во Европа не одат кон олабавување, Велика Британија која го забави процесот на олабавување на мерките и Португалија која единствена има некаква дополнителна рестрикција, сите други земји, вклучувајќи ги и тие од регионот, одат кон попуштање на рестриктивните мерки. Ние тоа го дискутиравме минатата недела, во рамките на Берлинскиот процес имаше состанок со министрите за здравство од сите земји на Западен Балкан и сите констатираа дека епидемиолошката ситуација стивнува и спласнува. Во ваква ситуација, во овој временски период кој е пред нас, не планираме никаква рестрикција или некои дополнителни мерки поради тоа што не гледаме некаков ризик. Но, мора да потенцирам, будно ја следиме состојбата не само кај нас туку и во околните земји, затоа што многу често за временска разлика од една до две недели се случуваат промени во епидемиолошката ситуација во сите земји во регионот“, истакна Филипче.

„Ако детектираме дека има ризик од заразување во ноќните клубови и локалите, тогаш повторно ќе воведеме посебни мерки“, рече Филипче, додавајќи дека немаме прецизни информации за тоа каков е ризикот од заболување со индискиот сој, истакна министерот.

На почеток