Слајдер

Стефан Ристовски, еден од најголемите приврзаници и ученици на Горан Пандев, се расплака пред објективот на ФФМ

Еден од најголемите приврзаници и ученици на Горан Пандев, десниот бек Стефан Ристовски на четири часа пред мечот не можеше да ги сокрие емоциите за Бате Горан и се расплака пред објективот на ФФМ, објави mms.mk.

Гранде Пандев како вистински капитен го прегрна Ристовски, му се насмеа и иако едвај ги задржа солзите, сепак не покажа слабост со цел да ги предводи нашите фудбалери на натпреварот со Холандија кој е закажан за 18 часот.

Скромниот струмичанец вечерва против Холандија ќе го одигра последниот натпревар во „црвено-жолтата“ боја и тоа на Европското првенство.

Сонот од детството му се исполни, а со голот против Грузија ја однесе Македонија Европско првенство, исполнувајќи ги соништата на сите Македонци.

извор: mms.mk.

фото: ФФМ

На почеток