Свет

Силен земјотрес со јачина од 5,2 ја погоди Турција

Земјотрес со јачина од 5,2 степени го погоди местото Киг во Бингол во Турција во 21:28 часот по локално време.
Гувернерот на Бингол Кадир Екинчи изјавил дека во потресот немало жртви, но дека тимовите за спасување излегле на терен.

Граѓаните ги напуштиле домовите и се подготвуваат ноќта да ја минат под отворено небо.

Земјотресот бил на длабочина од 15,5 километри.

извор/фото: агенции

На почеток