Медиасет

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Маж со нож нападнал минувачи во Германија, има убиени и повредени

Тројца луѓе загинаа, а шестмина се повредени кога напаѓач со нож тргна во крвав поход низ улиците на германскиот град Вирцбург, пред да биде запрен од полицијата, која му пукала во нозете.

На социјалните мрежи се појави снимка на која е забележано како минувачите се обидуваат да му се спротивстават на напаѓачот, кој во раката држи голем нож.

Полицијата соопшти дека го уапсила осомничениот по „голема акција“ во која беа затворени делови од центарот на градот.

„Го уапсивме напаѓачот“, напиша локалната полиција на Твитер, соопштувајќи дека засега „нема индиции дека има повеќе напаѓачи“ и оти „нема опасност за населението“.

На почеток