Случајот со петгодишното дете кое на 8 јуни трагично почина во Книн, Хрватска, откако беше оставено во паркираниот заклучен автомобил на горештината, ги шокираше и ги натера многумина да се запрашаат како е можно да се заборави сопственото дете. Таткото го заборавил момчето на задното седиште во автомобилот со затемнетите задни стакла (бил убеден дека го однел во градинка), објави slobodenpecat.mk.
Момчето се проценува дека било во возилото од 7:50 до 15:15 часот, повеќе од седум часа. Како и многу деца кои страдаат на таков незамисливо ужасен начин, и петгодишното момче доживеало хипертермија, неговото тело буквално се прегреело и згаснало.
Причина за смртта на момчето е хипертермија, односно топлотен удар, утврдил патологот. Оваа медицинска состојба се одвива кога телесната температура на човекот е поголема од 37,7 Целзиусови степени – состојба слична на треска – ова се случува кога телото создава или апсорбира повеќе топлина отколку што може да ослободи.
Секое лето ширум светот, умираат деца поради тоа што нивните родители ги оставаат заклучени во врел автомобил, често затоа што не се свесни колку брзо возилото се загрева до смртоносни температури. Токму поради таа причина, научниците во студијата наречена „Проценување на влијанието на сончевото зрачење врз детскиот топлински баланс во затворени, врели возила“, проучиле колку во просек им се потребни на различни видови автомобили да се прегреат во текот на жешките летни денови.
Тие откриле дека возилата брзо се загреваат кога се паркирани надвор од заштитата на ладовината. Температурата во автомобилот паркиран на сонце во текот на дневните температури од 35 Целзиусови степени се искачува на дури 47 степени за еден час. Температурата на воланот е уште поголема тогаш, околу 53 степени, а седиштата се во просек 51 степен. Автомобилите паркирани во ладовина поминуваат подобро, но дури и во нив набрзо станува речиси неподносливо. По еден час, внатрешната температура на автомобилот достигнува околу 38 Целзиусови степени, воланот околу 42 степени, а седиштата 41 степен.
Секој што ќе остане во прегреан автомобил е изложен на ризик од топлотен удар, кој може да биде смртоносен.
Текстот воо целост на: slobodenpecat.mk.
фото: Oxygen