Магазин

Поранешната менаџерка на Тоше Проевски се уште не може да најде мир

По сообраќајната несреќа во која загина Тоше Проески, неговата менаџерка Лилјана Петровиќ целосно се повлече од јавниот живот и започна да одгледува лаванда.

Петровиќ скоро никогаш не се појавува во јавноста, а во емисијата „Јутро“ на ТВ Прва , таа се приклучи во програмата од нејзината плантажа со лаванда, која започна да расте по смртта на Тоше Проески.

Домаќинот ја праша дали најде мир на плантажата, а Петровиќ одговори дека е изненадена од тоа прашање, бидејќи по она што се случи, не е можно да се најде мир.

извор: b92.net

На почеток