Македонија

Сител: Подготвени протоколите за учениците, како ќе се оди на училиште во септември?

Со задолжително носење на маски, мерење на температура и дезинфекција пред влез, од септември сите основци и средношколци ќе се вратат во училишните клупи. За превенција во објектите ќе бидат забранети секакви контакти за поздравување и меѓу вработените и меѓу наставниците а редари постојано ќе демнат дали се почитуваат мерките. Неофицијално ова е дел од протоколот за учебната година кој треба да биде на дневен ред на следниот состанок на Комисијата за заразни болести, дознава СИТЕЛ.МК.

Не смее да има мешање на ученици од различни паралелки а тоа ќе важи и за кабинетската настава каде просторијата по излегувањето на едната група ученици ќе мора да биде дезинфицирана пред да влезе другата. Под посебен надзор ќе бидат и училишните трпезарии и фискултурните сали во кои во исто време може да биде само едно одделение. Често проветрување и чистење на просториите како и избегнување на уредите за климатизација и вентилација ќе бидат дел од обврските за училишата. За министерката Царовска ова е најпосакуваното сценарио за сите, но доколку има влошување на ситуацијата има уште две опции за настава.

Текстот во целост на: СИТЕЛ.МК.

На почеток