По сообраќајната несреќа во која загина Тоше Проески, неговата менаџерка Лилјана Петровиќ целосно се повлече од јавниот живот и започна да одгледува лаванда.
Петровиќ скоро никогаш не се појавува во јавноста, а во емисијата „Јутро“ на ТВ Прва , таа се приклучи во програмата од нејзината плантажа со лаванда, која започна да расте по смртта на Тоше Проески.
Домаќинот ја праша дали најде мир на плантажата, а Петровиќ одговори дека е изненадена од тоа прашање, бидејќи по она што се случи, не е можно да се најде мир.