Македонија

Заев најави набавка на електрични возила за Владата

Дадовме инструкција со веќе објавениот тендер на владината Служба за општи и заеднички работи, да се види дали може од 20 до 50 отсто во набавката на службени возила да се вклучат електрични или еколошки возила, изјави премиерот Зоран Заев и додаде дека се дадени инструкции до сите институции да не набавуваат возила, а доколку мораат, да преминат на еколошките транспортни средства. „Секако, индивидуално може секој да користи велосипед, електричен тротинет или да го користиме јавниот превоз“, рече Заев.

„Инструкции се дадени и на сите други институции да не набавуваат ако не мораат. Таму каде што мора да се набавува, најчесто за инспектори на терен, болнички возила или слично, да се набавуваат модерните еколошки возила, вклучително електричните, за коишто ќе одиме со нула царина, нула данок на моторни возила и слично, па дури и хибридните, коишто често се електрични или на природен гас“, изјави премиерот Зоран Заев.

Тој рече дека Владата треба да биде пример за граѓаните во заштитата на животната средина. Премиерот дополни дека секој индивидуално може да користи велосипед, електричен тротинет или да го користи јавниот превоз.

фото: Jutarnji list

 

На почеток