Македонија

И денеска променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, чести електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ=7.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 30 степени.

Во вторник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Локален развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има претежно во планинските подрачја. Од среда следува стабилизирање на времето.

На почеток