Застрашувачко аудио за организирање убиствa во „куќата на ужасот“ зборува за бруталноста на кланот на Велја Невоља, но и за ладнокрвно договарање на ликвидации.
На снимката се слуша како Вељко Беливук, Марко Миљковиќ и нивните соработници го мамат Лазар Вукичевиќ во куќата во Ритопек каде биле извршени најмонструозните убиства.
Аудио-снимката, која ја објави српски „Информер“, јасно покажува дека Беливук и неговите соработници планираат киднапирање на Вукичевиќ и најмонструозна ликвидација.
