Македонија

Судот го ослободи од обвинение Мијалков за апсењето на Љубе Бошковски

Основниот кривичен суд Скопје денес донесе пресуда со која ги ослободи од обвинение за случајот „Тортура“ поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков и поранешните припадници на полициската единица „Алфа“.

Предметот го отвори поранешното СЈО по чие згаснување овој, како и сите други случаи, преминаа во рацете на редовните обвинителства. Обвинетите се гонеа за делото мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување за време на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, на 6 јуни 2011 година.

На почеток