Македонија

Кирацовски удри откако Мијалков доби ослободителна пресуда за апсењето на Бошкоски

Сашо Мијалков доби ослободителна пресуда за апсењето на Љубе Бошковски (случај “Тортура”) – „Каде што има сила нема правдина“.., само не знам од каде сеуште сила во Мијалков, напиша на својот ФБ профил Александар Кирацовски.

Кирацовски во објавата додава:

Целата јавност внимателно ги слушаше аудиоснимките кои заедно со контекстот на тогашната ситуација за време на режимското владеење јасно сведочат дека на ден после парламентарните избори 2011 год., Љубе Бошковски беше наместен, уапсен и неправедно осуден поради политичка освета.
Треба уште да зрееме како општество штом сметаме дека проблемот со Р. Бугарија е единствената пречка за почеток на преговорите со ЕУ.

На почеток