Македонија

МНР проверува дали во автобусот кој излета од автопатот кај Славонски Брод имало македонски државјани

Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Анеса Салиху за „360 степени“ ја потврди информацијата која ја добивме од Сообраќајната полиција во Славонски Брод дека автобусот кој утрото излета од автопатот А3 кај Славонски Брод е косовски а не македонски, како што објавија дел од хрватските медиуми.

„Се случила голема трагедија. Според инфорамациите со кои располагаме, во несреќата животот го загубиле десет лица, а триесетина се повредени и се хоспитализирани. Увидот се уште трае и имајќи ја предвид состојбата, се уште не можеме да добиеме релевантно сознание дали меѓу патниците во автобусот имало и македонски државјани. Ја задолживме нашата амбасада во Загреб да ги преземе сите мерки и очекуваме од нив да не известат за ситуацијата“, вели Салиху.

Началникот на сообраќајната полиција од Славонски брод Фрањо Галиќ вели автобусот патувал на редовната линија Франкфурт-Приштина. Според него, ова е можеби најтешката сообраќајна несреќа која ја видел досега.

 

извор:  „360 степени“

На почеток