Низ цело Скопје утрово осамнаа транспаренти на речиси сите поголеми раскрсници. На нив, граѓаните упатуваат пораки до Владата предводена од СДСМ.
Имено, на платна е испишано дека СДСМ и Зоран Заев се црнилата во Македонија.
Оваа кампања следува откако веќе две недели, опозициската ВМРО-ДПМНЕ носеше и оставаше разни предмети пред повеќе државни институции, тврдејќи дека тие се „зацрнети“.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во низата митинзи кои ги одржа, се осврнуваше на зборот „црнила“, но и на тоа дека кога тие ќе дојдат на власт ќе огрее „нова зора“.