Македонија

Туфегџиќ: Не се плашете од фотографиите кои го обожаваат зборот „предавник“

Пратеничката на политичката партија СДСМ, Ивана Туфегџиќ на својот „Фејсбук“ профил ги охрабри граѓаните да не се плашат и да излезат на гласање.

„Воопшто не се плашете од овие фотографии кои го обожаваат зборот “предавник”. Слободно и гордо остварете го правото на глас, бидејќи тоа се истите луѓе кои потоа по судници и полициски станици викаат дека носеле вода, не биле од тука, не знаеле зошто се таму и така натаму. Тоа што го прават е казниво и за тоа ќе се сноси одговорност. Во меѓувреме пријавувајте било какво попречување на избирачкото право во МВР на 192, а за фотографии на социјални мрежи на мејлот: cybercrime@moi.gov.mk“, напиша таа.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток