Македонија

Ароганцијата на Груби нема граници

Центарот за јавно здравство (ЦЈЗ) ќе ги спроведува здравствените протоколи за утрешното одбележување на 20-годишнинаната од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор на којшто ќе присуствуваат околу 300 гости, изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби кој контактирал и со министерот за здравство, Венко Филипче.

На новинарско прашање дали на прославата ќе има редари односно лица задолжени да бараат сертификат за вакцинација, како што владата налага на угостителските објекти од понеделник, Груби со одговор:

– Јас не сум редар, прашајте ги институциите.Испратено е барање до Министерството за здравство и тоа пред три недели најмалку. Сум контактирал и со министерот за здравство по однос на сите протоколи тука. Вчера контактирав и со директорот на Центарот за јавно здравство докторот, Шабан Мемети, кој што секако ќе ги донесе и сите потребни луѓе коишто ќе ги спроведат протоколите предвидени за утрешниот настан, изјави Груби, пред проекцијата на документарниот филм „Охрид и потоа“ во организација на Центарот за европски истражувања и анализи „Еуропроспера“ и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

На почеток