Македонија

„Рамковниот не е безбедносна закана, а го издржа тестот на времето“, Пендаровски за неговата имплементација

За претседателот Стево Пендаровски, низ годините се докажало дека Рамковниот договор не е безбедносна закана. Тој смета дека има грешки во него, како на пример незастапеноста на помалку бројните етнички заедници, освен Албанците.

„Факт е дека со секоја фаза на негова имплементација, се намалуваа конфронтациите. Во сите анкети, Рамковниот договор не фигурира како безбедносна закана или се наоѓа сосема долу. И тогаш и денес сметам дека тоа беше најдобриот можен одговор. Солиден аргумент на оваа теза е дека и тогаш и денес неговите најголеми критичари немаат алтернатива за него. Решавачко беше оние што го попишаа немаа намера да ја фингираат неговата имплементација, едно да прават дома, а друго да зборат пред страницте“, велат од Пендаровски.

За претседателот, договорот не е совршен.

„За улогата на САД, како и потписниците, постојат доволно докази кои покажуваат дека тие ја поддржуваат нашата независност. Маргиналната застапеност на Албанците во институциите, беше извор на фрустрации и тензии, а кога 1/4 од населението не учествува во креирањето на политиките, нормално е да има помала лојалност. Неториторијалните етнички права се единствен можен начин за да нема поделби. Темелниот предизвик е како да разгледуваме надвор од етничките и партиски агенди, а на тој пат на политичарите им престои доста работа, тука може да учиме од граѓаните. Договорот го издржа тестот на времето. Ако бараме грешка, учесниците во дговорот немаа време да се посветат на помалку бројните заедници. Мултинационалниот модел треба да го развиваме“, додаде Пендаровски.

На почеток