Комуналните редари од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар на подрачјето на Дебар Маало затекнале преполни контејнери, расфрлан отпад до контејнерите и несовесно одложени отпадоци. Од Општина Центар велат дека особено во време на викендите е непријатна глетка која секојдневно ги затекнува жителите на општината.
Досега од страна на комуналните редари, согласно Законот за јавна чистота, изречени се неколку опомени на правни и физички лица кои биле затекнати како го одложуваат својот отпад на необележани места.
Општина Центар апелира до несовесните граѓани и правни лица својот отпад да го одложуваат на места специјално предвидени за таа намена (контејнери, канти за отпадоци, специјални контејнери за пластика, стакло итн.), затоа што во спротивно редарите ќе изрекуваат поригорозни санкции, во согласност со Законот за јавна чистота.