Актуелно

И земал злато и 70.000 денари со уцена дека ако не му даде ќе и објави разголени слики

Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(20) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.

Пријавениот, во периодот од 01.08.2020 до 02.12.2020, уценувал 22-годишна жителка на гостиварско село, дека ќе објави фотографии со експлицитна содржина, за што во неколку наврати на оштетената ѝ земал околу 70.000 денари и златен накит.

На почеток