Македонија

Кривични за тетовска кафеана, оти без дистанца се јадело и пиело

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Е.(31) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и Б.И.(66) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.

На 04.06.2021 полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителски објект, сопственост на Б.И, при што констатирале дека во објектот има повеќе гости кои не држат соодветно растојание, а Х.Е. ги послужувал со пијалаци, со што биле прекршени мерките за заштита од ковид-19.

На почеток