Во автобусот со број 65, кој се движи на релација од железничката станица до село Стајковци, е истепано 13-годишно дете од страна на две лица. Тие физички го нападнале 13-годишното дете затоа што случајно се удрило во нив кога автобусот закочил.
Д.И.(44) од Скопје, вчера, околу 22 часот, пријавил во полиција дека истиот ден околу 19 часот во автобус на ЈСП со број 65 на булеварот Никола Карев две непознати лица физички го нападнале неговиот 13-годишен син, велат од МВР
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.