Скопје

И го напднале кучето на Ирена Ристиќ, а таа се закани: Следниот пат ќе постапам поинаку и ќе одговарам

Aктерката и граѓански активист Ирена Ристиќ на социјалната мрежа “Фејсбук” се пожали дека втор пат, куче од расата “белгиски овчар” го нападнала нејзиното куче. Таа вели дека сопственикот избегал со точак, додека таа вика по него.

“Вторпат се случува истиот белгиски овчар да го нападне Алтан. Неговиот сопственик е смеѓ дечко, на точак. Кучето првиот пат од ведро небо се појави и рипна врз Алтан. Денес му скокна од зад грб. Скапаницата човечка кидна со точакот и првиот пат и сега. Викав по него да застане додека ги одвојував кучињата. А како всушност стојат работите?! Затоа што Алтан е на поводник, а воедно е и нападнат, мочкото бегајќи, ме нарече “луда”. Логично, нели?

Нема служба каде ова може да се пријави и шерифов никогаш нема да одговара. Третиот пат поинаку ќе постапам и нормално јас ќе одговарам и имено, таму е целиот заеб у овој скапан систем” пишува Ристиќ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток