Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ смета дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повторно докажал дека не верува во кандидатите, па затоа не се појавил тој да ги презентира имињата.
„Она што го слушнавме во голем дел се повторно имиња кои веќе имале држвни и локални функции од времето на режимот односно од времето на Никола Груевски и може да заклучеме дека навистина ова е понуда од немај каде, како едвај да нашле кандидати кои што се спремни да изгубат на претстојните локални избори. Она што е интересно, повторно од ВМРО-ДПМНЕ не слушнавме кандидат за градоначалник во град Скопје и тоа повторно не води до заклучокот и јавноста треба да знае дека токму ВМРО-ДПМНЕ има многу мала доверба во главниот град, секако и во една од најголемите општини во градот Скопје – Центар каде што поддржуваат кандидатка од мал коалиционен партнер. Секако гледаме дека ВМРО-ДПМНЕ маки мачат со кандидатите, но она што е интересно е дека ги преставуваат како нови и свежи, а како што напоменав веќе тие имале и државни и локални функции од времето на режимот, од времето на Никола Груевски што ова го потврдува фактот дека ВМРО-ДПМНЕ не работи на никаков концепт ,,Македонија за сите луѓе“ туку ова се сите луѓе на Груевски“, рече Кузеска.
